На регионалниот пат Валандово-Струмица, во близина на селото Костурино, автомобил „пежо 508“, управуван од В.Р.(56) од Струмица, вчера излетал надвор од коловозот, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.