Автомобил „голф“, во кој биле 36-годишен Црногорец и неговиот шестгодишен син, излета во реката Морача на местото Криви Мост, по што двајцата загинаа, а нивните мртви тела и возилото беа извлечени од спасувачките екипи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Автомобил „голф“, во кој биле 36-годишен Црногорец и неговиот шестгодишен син, излета во реката Морача на местото Криви Мост, по што двајцата загинаа, а нивните мртви тела и возилото беа извлечени од спасувачките екипи, јавуваат црногорските медиуми.

Станува збор за А.Ѓ. (36) и неговиот шестгодишен син К.Ѓ., а несреќата се случила денеска во 13 часот и 20 минути.

Засега не се познати причините поради кои возило слетало во Морача, но постојат индиции дека возачот самоволно го усмерил „голфот“ кон провалијата. 

Според изјавите на сведоците, возачот на „голфот“ од правец на Делта најпрвин со својот автомобил полека се качил на тротоарот, а потоа наеднаш нагазил и со полна брзина слетал во Морача.

Share This Article