Автомобил „фолксваген“ удри во човек на електричен тротинет на коловозот кај Бит пазар. Сообраќајна несреќа се случила кога лицето со тротинетот се движело покрај тротоарот, а возилото при обид да се приклучи од споредна на главната улица, удрило во него.
Нема информации за повредите на возачот на тротинетот. Точните причини за несреќата ќе ги утврди полицијата која излезе на терен.