Едно лице е потешко, а други 10 лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа што синоќа во 22.45 часот се случила на патот Битола-Прилеп.
Како што информираше Министерството за внатрешни работи (МВР), автобус со битолски регистарски ознаки, управуван од 50-годишниот М.А. од Битола, излетал од коловозот.
„Е.Г.(38) од с.Лопатица, битолско, се здобила со тешки телесни повреди, додека Р.Н.С.(31), И.Љ.(38) од с.Лопатица, Т.С.(50), М.О.(31), А.М.(22), В.Т.(40), В.С.(27) од с.Лисолај, Н.С.(45), Т.Л.(20) од с.Кукуречани, Д.В.(54) од с.Крклино, битолско, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола“, наведено е во полицискиот билтен.