More

    Австрискиот канцелар Карл Нехамер во понеделник се среќава со Путин во Москва

    spot_img

    Австрискиот канцелар Карл Нехамер вo понеделник ќе отпатува за Русија за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, изјави во неделата портпаролот на австриската влада.

    Така, тој ќе биде првиот европски лидер што ќе се сретне со Путин во Москва од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари.

    „Тој ќе отпатува откако ќе ги информира Берлин, Брисел и украинскиот претседател Володимир Зеленски за тоа“ за да поттикне дијалог, рече портпаролот.

    Австрискиот канцелар во саботата ја посети Украина за да изрази поддршка за украинската влада и се сретна со претседателот Зеленски.

    По неговото пристигнување во земјата, тој им рече на новинарите дека злосторствата во Буча мора целосно да бидат истражени од независни меѓународни експерти.

    Австрија, која не е членка на НАТО, досега на Украина и испратила, меѓу другото, 10.000 шлемови и 9.000 одбранбени елеци за цивилна употреба.

    Во исто време, како и Германија, таа е една од земјите-членки на Европската унија која досега го отфрли барањето на Зеленски за забрана на увозот на руски гас. Австрија доставува 80 отсто од гасот од Русија.

    Виена, по извесно двоумење, протера четворица руски дипломати оваа недела, по примерот на другите членки на ЕУ.

    Речиси 4,5 милиони од околу 44 милиони Украинци ја напуштија својата татковина од почетокот на војната. Во Австрија досега се регистрирани околу 51.000 бегалци, главно жени и деца.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img