Австриски автобус со туристи паднал во канал

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Осумнаесет лица се повредени откако австриски туристички автобус денеска се урна и падна во канал на автопат во близина на Хановер, Германија.

– Лицата се со полесни повреди и пренесени во околните болници – изјави портпаролката на полицијата.

Во автобусот се наоѓале вкупно 19 лица на возраст од 24 до 74 години и едно деветгодишно дете.

Кај возачот на автобусот се води истрага за загрозување на сообраќајот и невнимание.

Автобусот кој доаѓал од Австрија бил на пат кон Норвешка.

Причината за несреќата останува нејасна, иако е извесно дека во несреќата не учествувале други возила.

На лице место се ангажирани полицајци, пожарникари и спасувачки хеликоптер

Share This Article