More

    Австрија, Словенија и дел од Хрватска зафатени од силно невреме

    spot_img

    Силното невреме со грмотевици попладне ги зафати западна и јужна Австрија и Словенија и се движи кон Хрватска.

    Според австриските медиуми, најлошо било во Тирол, каде силниот ветер носел покриви од куќи. Во некои делови на Австрија, налетите на ветерот достигнаа брзина меѓу 100 и 160 километри на час.

    Нешто по 20 часот во Словенија без струја останаа повеќе од 30.000 корисници на Електро Љубљана. Во планинските делови во северниот дел на Словенија, силниот ветар корнеше дрва.

    Невремето од Словенија во текот на вечерта треба да стигне до делови на Хрватска, пренесува Индекс.хр.


    Хрватскиот Хидрометереолошки завод издаде портокалово предупредување поради можна силна бура со грмотевици е во сила за областите околу Загреб и Карловац.

     

    „Подгответе се за посилни грмотевици кои можат да предизвикаат големи штети“, предупредува цивилната заштита.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img