Австриец паднал од балкон од хотелот во Охрид во кој бил сместен и е тешко повреден, соопшти полицијата.
Вчера, 13 октомври 2024 во 17.39 часот во СВР Охрид, е пријавено дека од балкон во хотел во Охрид паднал гостин на хотелот. Се работи за лицето M.K.(49) од Австрија, кој бил во друштво со С.Ф.В.(40) од Бразил. Тој бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му била констатирана тешка телесна повреда.
За настанот е запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.