Канадскиот тим ја совлада Австралија со 93:83 (26:28, 19:21, 27:21, 21:13) и се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри.
Клучен играч во победата на канадската репрезентација беше Ар Џеј Берет, кој во клучните моменти од играта го носеше на грб тимот и со 24 поени беше најефикасен во двете селекции.
Берет беше следен од Брукс и Гилиус Александер со по 16 поени, додека Гиди беше најефикасен кај Австралија со 19 поени. Џок Лендејл одигра одлична партија, постигна 16 поени и додаде 12 скока, а Ексум имаше 15 поени.