Австралија обезбедува 70% од електричната енергија од обновливи извори на енергија. Најмногу од производството е од сончева енергија бидејќи континентот има 3.000 часа сончева светлина годишно. Истовремено земјата не инвестирала доволно во подобрување на преносниот систем и сега има големи проблеми.
Австралија е рекордер во инсталирање на сончеви панели. Уште во 2018 година секоја минута се инсталираа 6 панели. Оваа стапка сега е намалена, но соодносот е висок, повеќе од 25% од домаќинствата имаат соларни панели. Така, минатата година, енергетскиот капацитет на соларните панели надмина 20 GW, при што домовите се вториот најголем извор на обновлива енергија во земјата, според податоците на Советот за чиста енергија.
Брзиот раст на производството на струја од сончева енергија, меѓутоа и прави големи проблеми на земјата бидејќи има стара и слабо поврзана преносна мрежа која не може да издржи на големиот бран од електрична енергија која доаѓа од фотоволтаичните централи.
Токму тоа се случи минатата сабота во државата Викторија, кога системот падна кога мрежата падна поради големото производство и слабата потрошувачка на струја.