Австралија ќе плати отштета на компнијата „Навал“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Австралија ќе плати 555 милиони евра компензација на француската државна Навал група за да стави крај на аферата со подморниците, изјави денеска премиерот Ентони Албанезе.

Француската групација ја прифати „фер и правичната спогодба“ од 555 милиони евра (584 милиони долари), изјави новиот шеф на австралиската Влада.

Парите ќе бидат исплатени за прекршување на гигантскиот договор од 56 милијарди евра што предизвика дипломатска криза меѓу Париз и Канбера во септември 2021 година.

Поранешниот австралиски премиер Скот Морисон го откажа договорот за купување на 12 конвенционални подморници во вредност од 90 милијарди австралиски долари, откако Австралија потпиша договор со САД и Велика Британија, кој вклучува испорака на американски подморници на нуклеарен погон.

Франција тогаш ги обвини САД и Австралија за предавство поради откажаниот договор и тајните преговори на трилатералниот сојуз.

Share This Article