Новата 2025 година пристигна и во Австралија, а во пристаништето во Сиднеј беше пречекана со традиционален огномет, објави Би-би-си.
На дочекот настапи британскиот пејач Роби Вилијамс, а со музика беа почестени домородните племиња од таа земја.
Пред два часа Новозеланѓаните ја дочекаа Новата година, која во Окленд беше пречекана со огномет, со кој им оддадоа почит на домородните племиња.