More

    Австралиец на Дикаприо и Џаред Лето им испраќал измет и урина

    spot_img

    Четириесет и деветгодишен маж е осуден во средата на двегодишна условна затворска казна во Австралија затоа што во поштенски пакети ги испраќал своите фекалии и урината на холивудските актери Леонардо Диаприо и Џаред Лето.

    Мажот по име Вероника Греј во февруари испратил неколку пакети во кои ги спакувал својот измет и урина од пошта во Западна Австралија. Содржината била откриена, а Греј разоткриен кога еден од пакетите што ги испраќал случајно се распаднал и се истурил врз службеничка во поштата.

    Според австралискиот Еј-би-си, Греј, родум од Филипини, испратил вкупно 20 поштенски пакети чија содржина им била претставена на примателите како „слатки за Денот на вљубените“. Психијатрискиот извештај доставен до судот покажал дека Вероника Греј боледува од ментално растројство, пренесуваат локалните медиуми.

    Неговиот адвокат рекол дека Вероника не сакал да ги вознемирува актерите, туку сакал со нив да ја сподели својата „страст за заштита на животната средина“. Судијата Дин Потер ги осудил постапките на Греј, објаснувајќи дека тие ја нарушиле работата на локалната пошта, објави Еј-би-си.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img