More

    Авионската бомба развила огромна жештина, мали се шансите за преживеани

    spot_img

    Гувернерот на Луганск, Сергеј Хаидаи, на новинарите им даде повеќе детали за бомбардирањето на училиштето во селото Билохоривка, во чиј подрум се криеја цивили.

    – Авионската бомба директно го погоди училиштето. За жал, зградата беше целосно уништена. Бидејќи беше авионска бомба, а не артилериска граната, кога се случи експлозијата, температурата беше огромна. Нашите служби за итни случаи ќе се обидат да ги расчистат урнатините што е можно поскоро, но шансите сѐ уште да има преживеани се мали. Се надеваме на најдоброто. Можеби некој успеал да преживее – рече Хаидаи.

    Според локалните власти, околу 60 цивили се останати под урнатините. Украинското Министерство за надворешни работи објави снимка по вечерашното бомбардирање на училиштето.

     

    „Русија направи брутално воено злосторство непосредно пред Денот на сеќавањата и помирувањата (украински назив за Денот на победата над нацизмот), константно повторувајќи ја трагедијата од Втората светска војна“, напиша украинското МНР на Твитер.

    Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во текот на ноќта со ракети бил уништен брод на украинската морнарица во близина на Одеса.

    Министерството соопшти дека неговите проектили ја погодиле корветата „проект 1241“, класа советски ракетни корвети што НАТО ги нарекува „тарантул“.

    „Руската противвоздушна одбрана, пак, ноќеска собори и два украински бомбардери СУ-24 и хеликоптер Ми-24 над Змискиот остров во Црното Море“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

    Според руското министерство, во последните 24 часа биле уништени вкупно четири украински воени авиони, четири хеликоптери и еден јуришен брод.

    Овие наводи, меѓутоа, не можат да бидат потврдени од западни медиуми или од независни извори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img