68-годишна жена починала на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, откако и се слошило за време на летот од Келн до Ниш, при што авионот морал принудно да слета на белградскиот аеродром, соопшти утринава итната помош.
Авионот од Келн принудно слетал во Белград во 22:24 часот, при што веднаш пристигнала екипа на итната медицинска помош, која и покрај напорите да и помогнат на патничката, сепак морале да констатираат смрт.
– Реанимацијата беше веќе започната. Наша екипа дојде, учествуваше во реанимацијата, но на крајот можеше да констатира само смрт – изјави д-р Ивана Стефановиќ од Итната помош на РТС.