Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ нема да патува на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, поради дефект на службениот авион, соопштија од Пантовчак.
Владината дирекција за користење на службени авиони денеска го информирала кабинетот на Милановиќ дека „службениот авион има техничка грешка, поради што не може да се користи за планираниот лет“.
Милановиќ попладнево требаше да отпатува за Лондон, по посетата на Пула.
Крунисувањето на Чарлс III е во сабота.