Авион со 72 лица се урна во близина на аеродром во централен Непал, а досега се извлечени 40 тела, соопштија официјални лица.
Авион на компанијата Јети ерлајнс, кој летал од Катманду до туристичкиот град Покара, се урнал при слетувањето и се запалил.
Снимките на социјалните мрежи покажуваат како авионот лета ниско над населено место пред да направи остро свртување.
Во авионот имало 68 патници и четворица членови на екипажот.
Меѓу патниците имало најмалку 15 странски државјани.
Околу 200 непалски војници учествуваат во потрагата по преживеани на местото на несреќата во клисурата на реката Сети, на само еден и пол километар од аеродромот.