Јужна Кореја, Канада и Норвешка. Утринава се случија три авионски несреќи. Најтешка беше авионската несреќа во Јужна Кореја, каде што се верува дека загинале 179 од вкупно 181 лице во авионот. Другите два инцидента се без жртви.
Во Канада авион се запали откако удри во крилото на пистата. Имаше проблеми со шасијата. За среќа, патниците и екипажот биле навреме евакуирани.
Авионот на летот 2259 на Ер Канада, кој полета од Св. Џонс, имаше проблеми со слетувањето во 21:30 часот по Атлантско време, што предизвика излизгување и пожар на моторот.
јави за „Си-би-ес њуз“ дека едно од тркалата на авионот не се ослободило правилно при слетувањето.
По слетувањето, патниците и членовите на екипажот биле евакуирани. Во инцидентот нема жртви.
Летовите на аеродромот Халифакс беа привремено прекинати по инцидентот, додека една писта беше повторно отворена од раните утрински часови.