Авион на компанијата „Саутвест ерлајнс“, полн со патници, на летот 2494 бил погоден од куршум додека се движел на пистата на аеродромот, соопштија денеска локалните власти.
– Авионот се подготвуваше да полетување за Индијанаполис кога куршум ја погоди десната страна на авионот под пилотската кабина – изјави портпаролот на Southwest за CBS News.
Авиокомпанијата потврди дека никој не е повреден, а портпаролот на аеродромот Лав Филд во Далас рече дека патниците биле симнати, леталото се вратило во депото на аеродромот и пистата била привремено затворена.