Авион на холандската авиокомпанија „KLM“ принудно слета во Норвешка откако се појави проблем со моторот за време на летот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Авион на холандската авиокомпанија „KLM“ принудно слета во Норвешка откако се појави проблем со моторот за време на летот. Според норвешката полиција, во инцидентот нема повредени патници.

Во соопштението се наведува дека „Боинг 737“, кој летал од Осло кон Амстердам, принудно слетал синоќа во јужниот дел на Норвешка поради дефект што се појавил набргу по полетувањето.

Сите 182 лица во авионот, вклучувајќи го и екипажот, останале неповредени, пренесе „NL Times“.

По безбедното слетување, патниците го поздравиле екипажот со аплауз.

 

Share This Article