Вистинска драма се случила во авион кој во саботата (28.10) од Охрид полетал за Малме, Шведска, пренесува порталот на албански јазик Флака.
Според еден од патниците кој раскажал што точно се случило, авионот кој од Охрид полетал за Малме, прво принудно слетал во Вроцлав, Полска, бидејќи на една постара жена ѝ се слошило.
Авионот потоа повторно полетал за Малме, но поради проблем со моторот, овој пат повторно слетал во Гдањск, Полска.
Според зборовите на еден од патниците, настанала паника меѓу сите патници на авионот, кој по многу часови конечно пристигнал на вистинската дестинација во Малме, Шведска.