Најмалку 45 лица се повредени на свадба во источен Авганистан кога се урна покривот, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа, повикувајќи се на локалната полиција.
Агенцијата наведува дека неколку од повредените се во критична состојба.
Уривањето на покривот се случило во провинцијата Каписа. Ова е инаку голем проблем низ Авганистан поради обилните дождови и поплавите што во март погодија 23 од 34 провинции.
Според авганистанската управа за управување со катастрофи, во природните катастрофи во март загинаа најмалку девет лица, а 74 беа повредени.