More

    Аудио на НАСА поттикна шпекулации

    spot_img

    Во средата НАСА случајно емитуваше симулација на криза на Меѓународната вселенска станица (ISS) бидејќи астронаут страда од болест на декомпресија, што предизвика многу шпекулации на социјалните мрежи, објави Ројтерс.

    На аудиото се слуша женски глас кој бара од членовите на екипажот „да го вратат командантот во костим“, да му го проверат пулсот и да го снабдат со кислород. Подоцна вели дека командантот има мали шанси да преживее.

    По тоа корисниците на социјалните мрежи почнаа да шират вести за кризата на Меѓународната вселенска станица.

     

    „Ова аудио, поради ненамерна грешка, беше пренасочен од тековната симулација, во која членовите на екипажот и копнените тимови тренираат за разни сценарија во вселената. Тој не е поврзан со вистински итен случај“, објави Меѓународната вселенска станица додавајќи дека нема итни ситуации.

    Болеста на декомпресија, која се јавува кога меурчиња од азот или друг гас се формираат во крвта поради промена на атмосферскиот притисок, може да влијае на централниот нервен систем и е потенцијално фатална.

    Членовите на екипажот спиеле во моментот на емитување на симулацијата, според објавата на Меѓународната вселенска станица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img