Аца Лукас вчера бил приведен од полицајци на пат кон Копаоник, а потоа е задржан во полициска станица до 12 часа, а потоа е пуштен на слобода

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Познатиот српски фолк-пејач Аца Лукас вчера бил приведен од полицајци на пат кон Копаоник, а потоа е задржан во полициска станица до 12 часа, а потоа е пуштен на слобода.

Лукас бил сопрен од сообраќајната полиција на бензинска пумпа на влезот во градот Брус и по тестот кој покажал дека е позитивен на наркотици и возел без возачка дозвола, бил приведен во полициска станица. Поради апсењето неговиот настап на Копаоник бил откажан.

Пејачот се товари по две точки, и тоа возење без возачка дозвола и под дејство на недозволени супстанци.

Овој прекршок се смета за тежок сообраќаен прекршок и во Србија се казнува со парична казна до 120.000 динари или со казна затвор до 60 дена. Во случај да го повтори ова дело, судијата може да му одреди само затвор без можност да се замени со паричен надоместок.

Од двајцата сопатници на пејачот во автомобилот, едниот имал 2 грама марихуана, а кај Лукас и кај другиот не било пронајдено ништо.

По излегувањето од притвор Аца Лукас продолжил во кафеаната и веднаш се огласи на социјалните мрежи:

„Драги мои, за разлика од некои, јас можам да пеам и вториот ден. Не морам да пеам на првиот. Некои што сакаат да пеат првиот ден, нека пеат, а ние ќе пееме на вториот ден, господа“, напиша Лукас на Инстаграм.

 

Share This Article