Аца Лукас го ожени синот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Лазар Вуксановиќ, најстариот син на српскиот фолк-пејач Аца Лукас, и неговата избраничка Ана, која во иднина ќе го носи презимето Вуксановиќ, се венчаа најпрвин во црквата на Соборот на српските светители, а потоа и во ресторанот каде што дојде матичарот.

Како што пишуваат српските медиуми, Аца Лукас бил најрасположен на свадбената веселба.

Тој ја испеал и првата песна на свадбата „Има ли наде за нас“, на која младенците го изиграле свадбениот танц. Потоа, на задоволство на присутните, продолжил со неговиот хит „Волиш ли ме“.

Прославата започна околу пладне, кога во црквата на Карабурма пристигна тесен круг од семејството и пријателите на семејството Вуксановиќ. Аца Лукас дојде во придружба на трубачи кој великодушно ги „кител“ со банкноти.

Лазар и неговата сестра Миљана се деца на фолк-ѕвезда од првиот брак со Светлана Цеца Вуксановиќ, со која остана во пријателски односи и по разводот.

По свечената церемонија, младенците позираа пред црквата со бројни фотографи, а потоа започна прославата. Со музиката на трубачите присутните заиграле оро. Невестата, која е бремена, беше на чело, а меѓу најсреќните беше Андреј Вуксановиќ, кој е многу близок со својот полубрат Лазар.

Share This Article