More

    Атрактивната Италијанка ненадејно ја заврши кариерата

    spot_img

    Италијанската тенисерка и една од најубавите спортистки во светот Камила Џорџи (32) ја заврши кариерата, а локалните медиуми откриваат дека зад нејзиното ненадејно збогување може да стојат даночни проблеми.
    Италијански весник “Газета дело спорт“ објави дека нејзиното пензионирање не било случајно. Според извештајот, италијанската финансиска полиција трага по Џорџи и го истражува нејзиното даночно затајување и непријавен приход.
    Властите исто така ги истражуваат и членовите на нејзиното семејство, вклучително и на нејзината мајка, татко и двајцата браќа, за кои се вели дека имаат „празнини“ во даночните пријави.

    Газета тврди дека Џорџи и нејзиното семејство се во бегство и се верува дека се во САД.

     

    Џорџи имаше успешна кариера во која освои четири титули, а нејзиниот најдобар пласман во кариерата и беше 26. место на ВТА листата од 2018 година.

    Во таа година таа го постигна својот најголем успех на Грен слем турнирите, кога играше во четвртфиналето на Вимблдон.
    Италијанката, која отсекогаш пленела со својата убавина, последен пат беше на теренот во март годинава на Мастерс турнирот во Мајами. Покрај тенисот Камила Џорџи веќе подолго време води и успешна манекенска кариера.

     

    Италијанската убавица на социјалните мрежи редовно објавува фотографии во долна облека за да го промовира сопствениот бренд Џомила. Италијанските медиуми пишуваат дека Џорџи сега целосно ќе се посвети на манекенството и бизнисот со долна облека.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img