Атлетико Мадрид едвај се пласираше во Купот на кралот против четвртолигашот Арентеиро (3:1).
Имено, Арентеиро поведе во 42. минута со голот на Маркитос, а во првата минута од судиското продолжение Јаник Караско израмни од пенал. Тоа беше се во првото полувреме.
Во 59. минута Атлетико доби втор пенал – овојпат шутираше Мората, а неговиот удар го одбрани анонимниот Диего Гарсија Васкез.
Атлетико сепак успеа да победи со головите на Бариос во 76. минута и вториот гол на Карас во 91. минута од натпреварот.