Атлантис на Витаминка се облече во розово за охрабрување на жените во борбата против рак на дојка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Чоколадните морски школки „Атлантис“ добија розово издание со што дел од продажбата ќе биде наменет за пациентките со рак на дојка. Со облекувањето на „Атлантис“ во розово, Витаминка ги помага жените кои се соочуваат со болеста и воедно влијае на зголемување на јавната свест за можноста од превенирање на болеста.

„Вклучувањето во борбата против ракот на дојка, компанијата го прави заедно со Здружението за иницијативи за развој во здравството, подобрување на здравствените сервиси и застапување на пациенти ЕЗРА, каде ќе бидат донирани средствата наменети за заболените. Истите ќе бидат употребени за нивните потреби на патот во справување со болеста“, наведено е во соопштението.

Витаминка преку розовиот „Атлантис“ што се појавува во продажба неколку години во овој период, ги поддржува активностите на здружението и упатува апел до сите жени за поголема самосвест и редовни прегледи.

„Со ваквиот начин на поддршка што секоја година ја даваме, Атлантис стана симбол на борбата на жените кои се соочуваат со оваа болест. Подигањето на свеста за ова заболување е можеби единствениот начин за борбата против заболувањето, но за сите оние кои се соочуваат со болеста и започнуваат со лекување, потребно е да знаат дека имаат поддршка и дека не се сами во борбата против болеста”, велат од Витаминка.

Розовиот „Атлантис“ е веќе достапен во продажба.

Share This Article