More

    Атентаторот од Тексас му го најавил масакрот на девојче од Германија

    spot_img

    Според извештај на американската телевизија Си-Ен-Ен, 18-годишниот атентатор од Тексас во вторникот испратил повеќе пораки до 15-годишно девојче од Франкфурт, во кои го изнел својот план да отвори оган во училиште.

    Прво се пожалил дека баба му разговара со некого телефонски, што го нервира, за шест минути подоцна, според Си-Ен-Ен, да напише: „Тукушто стрелав во главата на баба ми“. Неколку секунди подоцна, во 11.21 часот по локално време, ја испратил пораката за напад во училиште. Тоа била последна порака до девојчето во Франкфурт.

    Си-Ен-Ен во извештајот се повикува на скриншотови од преписката и интервју со 15-годишното девојче од Франкфурт. Контактот на девојчето со Салвадор Рамос започнал пред двеипол недели преку апликацијата Фејстајм. Преписката се одвивала секојдневно и преку две други апликации, при што 18-годишното момче испратило свои видеа, најавувајќи желба да ја посети во Европа.

    18-годишниот Салвадор Рамос во вторникот во основно училиште во тексашкото гратче Увалде со полуавтоматска пушка уби 19 ученици и две наставнички, пред и самиот да биде застрелан од полицијата. Претходно пукал во својата баба и тешко ја повредил.

    Гувернерот на Тексас, Грег Абот вчера изнесе податок дека напаѓачот своето дело го најавил преку повеќе постови на Фејсбук, кои наликуваат на оние за кои известува Си-Ен-Ен. Портпарол на концернот Мета, на кој припаѓа Фејсбук, изјави дека станувало збор за приватни пораки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img