More

    Атентаторот на Трамп бил баран за исчезнат часови пред пукањето

    spot_img

    Родителите на Томас Метју Крукс, 20-годишникот кој се обиде да го убие Доналд Трамп, повикале полиција да го пријават како исчезнат пред пукањето што го шокираше светот, се тврди во нов извештај.

    Крукс бил на митингот на републиканскиот претседателски кандидат три часа пред да започне настанот, што предизвикало сомнеж кај Тајната служба на САД бидејќи со себе носел далечински уред што го користат само ловџии за да измерат растојание кога ловат дивеч.

    Родителите на Крукс повикале полиција во паркот Бетел, објави Фокс њуз. Неговиот татко ѝ рекол на полицијата дека претпоставува дека син му отишол на стрелиште да вежба со својата пушка и дека ќе се врати до сабота во 13 часот, пишува Си-Ен-Ен.

    Меѓутоа, како што минувало времето, таткото станувал сè позагрижен и ја повикал локалната полиција. Околу 15 часот во саботата, Крукс бил забележан при безбедносната проверка на митингот. Тој се обидел да помине низ детекторите за метал со помош на далечинскиот уред.

    Уредот, кој изгледа како пар мали двогледи, не го спречил да влезе на митингот, но им го привлеков вниманието на полицајците. Тајната служба го набљудувала момчето, но го изгубила од вид кога тоа го напуштило безбедносното подрачје.

    Се верува дека Крукс потоа извадил пушка од својот автомобил и пукал во Трамп, убивајќи еден учесник на митингот, а ранил уште еден човек.

    Крукс во автомобилот имал и панцир и две експлозивни направи. Само 40 минути пред пукањето, Крукс повторно им биле пред очите на членовите на Тајната служба.

    Околу 18 часот и 11 минути, Крукс зазел позиција на закосениот покрив близу бината на митингот и пукал кон Трамп од далечина од околу 150 метри, ранувајќи го во увото и убивајќи го пензионираниот шеф на противпожарната служба.

    Во меѓувреме се појави ново видео на кое се гледа како Крукс се врти околу зградата, еден час пред почетокот на митингот каде пукаше во поранешниот американски претседател.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img