Атентат врз руски дипломат во ЦАР

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Повредениот директор на Рускиот дом во Централноафриканска Република (ЦАР), Дмитриј Сити ќе биде евакуиран во Русија.

Според Амбасадата на Русија, здравствената состојба на Сити е тешка и лекарите се борат за неговиот живот.

Сити е повреден откако добил пратка со експлозивна направа. Пратката била испратена од главниот град на Того, Лома.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва очекува да бидат идентификувани и казнети одговорните за атентатот на директорот на Рускиот дом во ЦАР.

Фото: МИА

Share This Article