Астон Вила го испрати Кутињо на позајмица во Катар

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Своевремено, еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, 31-годишниот Бразилец Филипе Кутињо следната сезона ќе ја мине во тимот на Ал Духаил од Катар.

Кутињо за овој клуб ќе настапува како позајмен играч од Астон Вила. Премиерлигашот од Бирмингем ќе добие десет милиони евра како обештетување.

Кутињо во еден момент беше меѓу најдобрите фудбалери на планетата. По одличните сезони со Ливерпул во 2018 година, тој се пресели во Барселона за 120 милиони евра плус уште 40 милиони бонуси.

Сепак, тој не се снајде најдобро кај Каталонците. Во текот на четири сезони, тој одигра 106 натпревари и постигна 26 гола. Замина и на позајмица, прво во Баерн, па во Астон Вила, која на крајот го откупи неговиот договор.

Минатата сезона одигра 20 натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол.

За репрезентацијата на Бразил одигра вкупно 68 натпревари и постигна 21 гол.

Share This Article