Фудбалерот на Манчестер јунајтед ја одби понудата од засега неименуван клуб од Саудиска Арабија, кој сакаше да го ангажира португалскиот напаѓач нудејќи му рекордни 275 милиони долари за двегодишен договор, јави ЕСПН.
Португалските медиуми вчера први објавија дека клуб од Саудиска Арабија сака да го ангажира Роналдо, а информацијата подоцна беше потврдена и за шпанскиот весник „Марка“, пренесувајќи оти се подготвува најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.
Според ЕСПН, Роналдо одбил понуда од 275 милиони евра за договор на две години.
Доколку ја прифатеше понудата Роналдо ќе станеше најплатен фудбалер во светот со неделна плата од 2,5 милиони евра.