More

    Асимптоматски се 80% од заразените со овој вирус

    spot_img

    Осумдесет отсто од пациентите заразени со вирусот на Западно-нилска треска се асимптоматски. Можеби некој од нас тука веќе прележал во текот на летото. Околу 19 отсто, имаат по некоја блага клиничка форма, со мала треска, со болка во мускули, измоштеност, и тоа може да помине така без да знаеме дека го имаме. Еден отсто од случаите можат да развијат невролошки манифестации, изјави денеска директорот на Инфективна клиника Фадил Цана, откако во земјава беше регистриран случај на починат од Западно-нилска треска.

    – Еден отсто од случаите можат да развијат невролошки манифестации што е во конкретниов случај, утврдуваме дека кај пациентот особено во старосната група над 75, конкретно имаме 77-годишен пациент, кај што се развила таа невролошка манифестација која може да заврши со летален исход. Тоа што сите го знаеме, и светот го знае, и научната јавност, дека за Вестнајл вирусот (западно-нилска треска) нема специфична терапија. Ако може да се превенира нешто, тоа е преку програмите за дезинсекција што е во надлежност на општини и на други институции – вели Цана.

    Цана рече дека пациентот, кој почина на Инфективната клиника, претходно бил прегледан во Општата болница во Кочани, а оттаму бил препратен во Клиничката болница во Штип, па оттаму во Скопје на Инфективна.

    – На прием, пациентот бил фебрилен, малаксан, со пореметена свест, значи дезориентиран, агресивен, и нормално пристапено е од нашите лекари специјалисти за доиследување. Кај пациентот е констатирано дека се работи за некое воспаление на мозок, т.е. енцифалитис. Примен е на Клиникава и е продолжено со додијагностицирање. Направени се сите дијагностички процедури и на серум во Институтот за јавно здравје, е потврдено присуство на вирусот Вестнајл – рече Цана.

    Според него, анамнезата на пациентот е куса и најверојатно тој живеел сам.

    – Се работи за 77-годишен пациент, кого членовите на семејството го нашле паднат. Колку дена претходно бил болен тоа не може да се каже. Даден е и податок дека имал температура, дека бил агресивен, вознемирен. Точно е дека кога бил примен имал температура, но сега колку дена претходно имал, тоа никој не може со точност да го каже. Пациентот во таква состојба со невролошки манифестации е хоспитализиран кај нас. Сега никој не може да каже дали нешто претходно примил. Така што,  потврдено е по неколку дена од ИЈЗ дека во серумот од пациентот е детектирано присуство на вирусот Вестнајл – рече Цана.

    Тој не може со сигурност да каже дали постои опасност од ширење на вирусот, а како што вели, статистиките покажуваат дека единствена превенција се програмите за дезинсекција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img