Артан Груби и неговата клика ја злоупотребиле Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), на чие чело стои Мухамед Сејдини, за обиди за предизвикување етнички тензии

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Коалицијата Вреди ја обвини ДУИ дека преку Артан Груби и неговата клика ја злоупотребиле Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), на чие чело стои Мухамед Сејдини, за обиди за предизвикување етнички тензии.

„Целта на криминализираното раководство на ДУИ е да се обиде да се спаси од кривична одговорност за масовна политичка корупција и да го зачува имотот стекнат со грабеж на албанскиот народ. Наместо да се прават невини, ДУИ веднаш да одговорат: Дали по налог на Артан Груби и Омер Буњаку, на натпреварот меѓу ФК ‘Брера’ и ФК ‘Шкендија’, во Струмица е тестирана шемата на ДУИ за создавање тензии преку инциденти на спортски настани? Дали Мухамед Сејдини, претседател на ФФМ и уапсен во предизборната кампања за купување гласови за ДУИ, свесно и со умисла избрал подобен делегат за овој натпревар, за да побара од полицијата отстранување на навивачи затоа што истакнале албанско знаме? Дали ДУИ со шемите на Вучиќ во наредниот период планира да предизвика судир меѓу различни навивачки групи и тензии меѓу средношколци и студенти? На што сѐ е подготвен Артан ‘Беливук’?“, се наведува во соопштението на Вреди.

Коалицијата Вреди апелира до Албанците да не наседнуваат на вакви провокации.

„ДУИ не ги штити симболите на албанскиот национален идентитет туку го погани светото албанско знаме со стравот од одговорност за корупциските афери како ‘Соравија’, коцкарските бизниси и апашките тендери. Наша должност е да ја предупредиме јавноста и да ја гарантираме безбедноста на граѓаните. Политиката мора да биде надвор од спортот. Навивачките групи на албанските спортски клубови се важен сегмент од спортскиот дух на општеството. Затоа, ги повикуваме во наредниот период да бидат особено внимателни да не бидат вовлечени во сценаријата на Недемократската унија за дезинтеграција“, порачува Вреди во соопштението.

Share This Article