Во изминатите месеци се случија многу работи и свесна сум дека се соочувам со една машинерија од луѓе на кои моите постапки не им се допаѓаат, ама не им се плашам.
Вака скопската градоначалничка Данела Арсовска им одговори на новинарите кои ја запрашаа дали се плаши за сопствениот живот и дали има многу непријатели.
– Јас не се плашам од никого, а дали тие планираат да преземат нешто или не, тоа е нивна работа. Во моментов можам да кажам дека сѐ уште имам многу повеќе пријатели отколку непријатели – рече Арсовска.
На прашањето дали има замешано прсти во црната кампања што се води против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку закупените билборди низ Скопје на коишто пишува „кај се крие шпицниот градоначалник?“, Арсовска рече дека нема никаква врска со тоа и дека нема ни амбиции, а ни средства да се занимава со такви нешта.