More

    Арсовска: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ намерно ги блокираат сите програми, Владата да плати осум милиони евра долг кон ЈСП

    spot_img

    По три години ВМРО-ДПМНЕ признава дека блокадата е организирана и оркестрирана, токму од оваа политичка партија и нејзините советници на Град Скопје, изјави денеска на прес-конференција градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.Градоначалничката истакна дека на вчерашната средба со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински предложила решенија за проблемите со кои се соочува Град Скопје, но како што рече, средбата наликувала на „политички циркуз за добивање политички поени”.

    -Сакам да го цитирам Перински, дека генерален заклучок е немањето комуникација помеѓу советничките групи во рамки на Градот Скопје. Добро е тоа што Мицкоски се обиде да ги поправи грешките на неговите сопартијци, за жал, сето тоа наликуваше на политички циркуз само за добивање на политички поени. Јас не се натпреварувам за политички поени, рече Арсовска.

    Град Скопје не може ништо да исполни додека 45 советници не престанат да ги блокираат програмите што го прават со години, а Владата треба да си го подмири долгот од 8 милиони евра, вели скопската градоначалничка Данела Арсовска на денешна пресконференција. Земаат по 500 евра совтниците, а по седум месеци на се изгласани програмите за јавните претпријатија. Ако не поминат програмите во Советот, јавните претпријатија не можат да работа. Затоа Комунална хигиена не може да работи.

    – Надлежностите за ова да се изгласа не се во рацете на Град Скопје. Се сложувам со Перински. Јавните претпријатија не омжат да вработат 120.000 луѓе ако таа програма не е помината на Совет на Град Скопје, тоа би било незаконски. Доколку ги слушаа моите планови сега ќе имавме целосно нов возен парк. Не ги ветуваше Мицкоски автобусите покрај мене? Во Скопје ме гласаа 45 советници, но тука во Советот не гласаа ништо. Да можев без нив, до сега градот ќе беше тип-топ. Го немам направено само она коешто Советот не гласа. Станав непопуларна градоначалничка откако ги фатив со рачињата во медот. Секој знае дека без овие Програми не можете ништо да направите.

    На прашањето зошто не е почната градбата на Пречистителната станица во Скопје таа вели:

    – Прво две општини имаа застои во нивните ДУП-ови, тоа не е застој на Водовод. Тоа се Аеродром и Гази Баба кои требаше да ги донесат во нивните совети. Откако го направија тоа почна изработката на проектот кој е сложен процес за кој требаат градежни дозволи. Тоа е исто да ме прашате дали Мицкоски утринава има платено некоја работа на некоја сметка. Не можам да давам паушални изјави за тоа што немам конкретна информација. Можеме да ви испратиме извештаи од состаноците за станицата. Жал ми е што овој екокапитален проект меѓу најголемите во државата е во застој. Но, се работи за европски средства и за луѓе кои беа фатени со „рачињата во медот“.

    Набавката на автобусите за ЈСП потенцира Арсовска исто така е блокирана од советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

    – Секоја година по 50 години ако набаувавме чќе имавме 150 автобуси. За жал на вчерашната средба рекоа пари во Буџетот. Можеа како Груевски да се одважат, па да купат автобуси. Но, тие не понудија ништо. Ми побараа нов план. Нема проблем, ние ќе правиме планови додека нив не им се допаднат. Проблемот за ЈСП е комплициран, пред се затоа што 8 милиони евра има долг кој Владата не си го плаќала, а други години имало дотации и од 15 милиони од централната власт. Но, сега 4 години нема никаква помош од централната власт и тоа во време кога имаше енергетска криза и зголемени беа цените на реагенсите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img