Арсовска порача дека доста е од работниците кои не работат ништо

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Градоначалничката на Град Скопје на денешната прес-конференција брутално ги нападна сите оние лица кои предизвикаа проблеми во работењето на Јавното комунално претпријатие.

Таа нагласи дека над триесетина лица земале повисока плата и до 35 проценти, а ниту еднаш не се појавиле на работа. Како што рече, живееле во Германија, а земале џепарлак од 1 до 15 до месецот во вид на плата од „Комунална хигиена“. Исто така додаде дека дури 43 лица од едно семејство работеле во претпријатието на различни позиции, но имало и други примери, сепак битката ќе се „бие“ со неработниците.

Како што истакна Арсовска во претпријатието се работело со притисок и закани, правниот систем мора да профункционира.

– Не може мафијаши да ни ја водат државата, на Косана Мазнева треба да ѝ се даде поддршка – рече Арсовска.

Кога новинарите ѝ укажаа на Арсовска дека изразува нервоза, таа посочи дека е револт бидејќи Мазнева била нападната од јавноста и рече: „Тоа што застанувам остро против криминалот, не значи дека изразувам нервоза“.

– Во целосна одбрана на Косана Мазнева е дека ги детектирала сите неправилности. Таа постапи уште минатиот месец, пред 25 јуни, кога реагира соодветно, кога почна со сите постапки, па мафијашките структури одлучија да се пресметаат со неа. Јас не дозволувам никој да нè манипулира тука, најмалку против една жена, која се нафати со едно претпријатие со 1.400 вработени, кое било во заложништво на ликови, семејно поврзани, да се обиде ова да го испреврти и да ја направи виновна. Треба да го поздравите тоа што некој со овие мафијаши се справува по 30 години. Ако мислите дека со еден ден се прави сериозна пријава – се лажете. Затоа треба оваа жена да ја поздравите сите, да ѝ кажете браво – им рече Арсовска на новинарите.

Побара новинарите да ја поддржат Мазнева исто како што таа го прави тоа.

– Ако се обидува некој политички да се пресметува, треба добро да размисли. Треба да се размислат сите што молчеле 30 години пред ова што се случува, а не да ја напаѓаат оваа жена тука. Целиот град стои зад неа бидејќи сама се спротивстави против сите, каде што ниту еден маж не застанал – додаде Арсовска.

Посочи дека фатиле луѓе што се трајно иселени во Германија, а примале плата. Беше лута што новинарите не го иницираат ова прашање.

- Advertisement -
Ad image

– Фативме луѓе што трајно седат во Германија, трајно се иселени и примале плата. Не се прашувате како се случувало тоа? Не иницирате како јавност за одговорност на овие лица? Не смее ниту еден човек да зема плата, а да не иде на работа – рече Арсовска.

По однос на чистењето од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ  и СДСМ а и по однос на иницијативата да си ја преземат хигиената во општините, таа рече да не глумат инфлуенсери и да се фатат да си ја работат работата.

– Нека си ги исчистат прво нивните населби и општини, па потоа нека зборуваат – одговори Арсовска.

- Advertisement -
Ad image

Таа нагласи дека при вработувањето на спорните лица, непотизмот не бил третиран, и додаде дека мора да се расчисти со неработниците кои земале плата на сметка на оние кои чесно си ја работеле работата. Дури додаде дека откога ќе се расчисти со работниците, тогаш оние кои чесно работат и ги хранат своите семејства ќе можат да очекуваат и зголемување на платите.

Share This Article