More

    Арсовска го повика Славески итно да свика седница

    spot_img

    Одлука за пренамена на средства за исплата на незадоцнетите плати е изготвена уште вчера, и апелираме претседателот на Советот на град Скопје да ја закаже седницата во најкус можен рок, повикаа денеска од Град Скопје.

    Оттаму нагласуваат дека законски рок за исплата на платите е до 15 текот на месецот, а дел од менаџментот на ЈСП одлучил дека треба со манипулации и подбуцнување на дел од вработените да го остави градот без јавен превоз со образложение дека се доцни со исплата на плати.

    – Ги повикуваме советниците од Советот на град Скопје уште веднаш, денес, да закажат вонредна седница на Советот како би можело веднаш да се изгласа ова решение и веќе утре вработените во ЈСП да ги добијат своите плати, кои, ќе бидат исплатени во рамки на законскиот рок, а не задоцнети – велат од Градот.

    Оттаму апелираат до оние кои ги инструирале дел од т.н. синдикалци да им обезбедат правна помош, бидејќи спротивно на Законот за јавни претпријатија и работнички права денес ја попречиле работата на ЈСП без притоа да пријават штрајк и да формираат штрајкувачки одбор со што согласно чл.35 од горенаведениот закон се и кривично одговорни.

    – Одговорност мора да има, па затоа ги повикуваме и членовите на управниот одбор на ЈСП назначени по предлог на ВМРО-ДПМНЕ да си поднесат неотповикливи оставки поради доведување во заблуда на дел од вработените во претпријатието и предизвикување на прекин на работните задачи на вработените. Одговорност ќе бараме и од членовите на управниот одбор – велат од Градот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img