More

    Арсовска е трета најплатена градоначалничка во регионот

    spot_img

    Скопската градоначалничка Данела Арсовска не може да се пожали од месечната плата која ја добива, бидејќи според податоците кои ги објави „Н1“, таа се наоѓа на третото место меѓу првите луѓе на престолнините од поранешните ех-ју републики, зад колегите од Љубљана и Загреб.

    Платата на градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, несметајќи го додатокот за стаж, изнесува 2.696 евра, додека неговиот хрватски колега, градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ заработува 2.318 евра месечно.

    Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, моментално зема плата од 2.036 евра, а се утврдува со множење на висината на просечната плата на ниво на република со коефициент 3,70.

    Месечната плата на градоначалничката на Подгорица, Оливера Ињац е 1.562 евра, а пак „мајката“ на Сараево Бенјамина Кариќ заработува 1.510 евра месечно, без надоместоци, додека најниска плата во споредба со другите градоначалници на поголемите градови во регионот има првиот човек на Белград, Александар Шапиќ – 1.399 евра.
    Апсолутен рекордер по заработка во земјите од поранешна СФРЈ е градоначалникот на Бјелина, Љубиша Петровиќ, чија месечна плата е 3.305 евра. По него е најплатениот градоначалник во Хрватска – првиот човек на Задар, Бранко Дукиќ, кој заработува 3.026 евра месечно, додека примањата на другите градоначалници на најголемите градови во регионот се под 3.000 евра.

    Кога ќе се споредат платите на челниците на најголемите градови, по десет од наведените земји, најниска плата има градоначалникот на Панчево, Александар Стевановиќ, кој инкасира 910 евра месечно.

    Градоначалникот на Бихаќ, Елведин Седиќ има најниска плата во Босна и Херцеговина, а за тоа може да му се „заблагодари“ на својот претходник Шухрет Фазлиќ, кој донесе одлука да му ја намали платата од 2.287 евра на 1.271 евро.

    Во Словенија најниска плата има градоначалникот на Камник, Матеја Слапар – 2.267 евра, а во Хрватска тоа е првиот човек на Риека, Марко Филиповиќ, кој заработува „само“ 1.995 евра месечно.

    Просечната плата на градоначалниците на десетте најголеми градови во Словенија е 2.555 евра, во Хрватска е нешто помала и изнесува 2.422 евра, додека просечната во Босна и Херцеговина е 1.934 евра. Градоначалниците на најголемите градови во Србија имаат најниска просечна плата на територијата на поранешна СФРЈ – 1.092 евра. За жал во истражувањето на „Н1“ недостасуваат платите на уште десет градоначалници од Македонија и од Црна Гора.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img