Премиерлигашот Арсенал ќе испрати понуда до Лацио за играчот од средниот ред Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Според пишувањата во англиските медиуми, лондонскиот клуб размислува да му понуди на Лацио 45 милиони фунти (52 милиони евра) за 27-годишниот фудбалер.
Претходно беше објавено дека раководството на Римјаните може да го продаде Србинот само за 70 милиони евра.
Милинковиќ-Савиќ минатата сезона одигра 47 натпревари за Лацио, постигна 11 гола и 12 асистенции.