More

    Армен Кадриу: Да се стави крај на лагите и обвинувањата, единствен сопственик на „МУС“ исклучиво сум јас и никој друг, се останато е манипулација и лага!!!

    spot_img

    Деновиве наназад сведоци се на организирана политичко-медиумска хајка, насочена кон МЕЃУНАРОДЕН УНИВЕРЗИТЕТ во Струга. Одредени политичко -медиумски поединци, работењето и сопственоста на МЕЃУНАРОДЕН УНИВЕРЗИТЕТ во Струга ја препишале на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, нешто што претставува ноторна лага и манипулација на јавноста во Република Македонија.

    Сопственикот на МЕЃУНАРОДЕН УНИВЕРЗИТЕТ во Струга Армен Кадриу,ваквите шпекулации и оркестрирана хајка  на дел од медиумите и дел од политичарите во Македонија за наводна сопственост врз МУС ги отфрла, но потсетува на к.д „Граѓанска одговорност,клевета и навреда“, за што МУС е спремен да оди до крај, доколку не се престане да се шират неосновани лаги, клевети и обвинувања, како за сопственоста на универзитетот МУС, така и за неговото законско работење.

    Од страна на Армен Кадриу, единствен сопственик на МЕЃУНАРОДЕН УНИВЕРЗИТЕТ во Струга, приложена е тековна состојба на вистински сопственици на субјект, издадена од ЦРМ наа РСМ, од која јасно се гледа и чита, дека 100% сопственик на МЕЃУНАРОДЕН УНИВЕРЗИТЕТ во Струга е лицето Армен Кадриу од Струга.

    Се останато околу сопственоста врз МЕЃУНАРОДЕН УНИВЕРЗИТЕТ во Струга, и наводни удели на градоначалникот на Струга и неговото семејство, се лаги и манипулации, со цел да се наштети на угледот и работењето на МЕЃУНАРОДЕН УНИВЕРЗИТЕТ во Струга.

    За Кадриу сосема е нејасно зошто не реагираат новинарските здруженија ЗНМ и МАН, како и советот за етика во медиумите во Република Македонија, на низата објавени лажни вести поврзани со работењето на МУС????

    Армен Кадриу дециден: „ Сопственик на МЕЃУНАРОДЕН УНИВЕРЗИТЕТ во Струга исклучиво сум јас и никој друг. Од друга страна во животот роднините ни ги дал Господ, додека пријателите и другарите сами си ги бираме, јас така функционирам, живеам и творам, но секој оној кој живее спротивно на овие непишани закони, живее во светот на лаги, измами, уцени и манипулации“, истакна Кадриу.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img