АРМ те стипендира, па вработување ти гарантира! Министерката за одбрана ги повикува студентите да се пријават на конкурсот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Mинистерката за одбрана Славјанка Петровска со видео-порака ги повика студентите да ја искористат уникатната можност и да се пријават на Конкурсот за стипендирање студенти од критичните специјалности за потребите на Армијата на Република Северна Македонија.

Со Конкурсот објавен на 3. ноември Министерството за одбрана нуди можност за стипендирање на студенти во висина од 30% до 80% од просечната плата во земјата, во зависност од студиската година, а по завршувањето на образованието, тие ќе бидат во редовен работен однос во Министерството.

Конкурсот е отворен за сите студенти во Северна Македонија, во следните специјалности: систем инженери за информатичка технологија, систем инженери за база на податоци, инженер за ИТ безбедност, геопросторна поддршка, геодезија, геотехничко инженерство, географско – информационен систем, метеорологија, доктор на медицина, РТГ техничар, конструкција, мотор и системи на воздухоплови, инструменти, радиорадарска и електроопрема на воздухоплови.

– Се грижиме за младите кои ни се потребни за да можеме и во иднина да ја гарантираме одбраната на нашата држава. Свесни дека поддршката додека студирате е најважна, министерството за одбрана и македонската Армија ги отворија вратите за вас. Ве повикувам да се пријавите на конкурсот – вели министерката во видео-пораката.

Share This Article