Аријанит Хоџа и Бастри Бајрами ќе формираат нова партија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Аријанит Хоџа, кој беше заменик претседател на Движењето БЕСА и поранешен министер, и пратеникот Басри Бајрами, денеска на прес-конференција информираа дека ќе формираат нова политичка партија.

Хоџа на прес-конференција соопшти дека почнувајќи од денеска тој и повеќемина негови сопартијци ќе функционираат како посебна политичка формација и оти ги отвораат вратите за сите оние кои сакаат да станат дел од овој политички проект.

– Ние сме организирана структура која во периодот пред нас ќе работи во полн обем и јасна политичка артикулација и јасна визија за иднината на граѓаните и државата. Имајќи предвид дека државата се наоѓа во многу деликатна ситуација во која се одлучува за европската иднина ќе се однесуваме со внимание, сериозност и посветеност да придонесеме преку нашиот претставник во Собранието за што поскоро да се случат уставните измени и да се пристапи кон отворање на патот за членство во ЕУ. Нормално би било многу подобро заради меѓуетничката кохезија во предлогот на уставните измени да се предложеше и корекција на терминот 20 отсто во однос на албанскиот јазик, но за тоа одговорност сноси поднесувачот на предлогот – рече Хоџа.

Исто како пред неколку дена тој денеска се огради од, како што кажа, таканаречениот опозициски блок на Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши.

Share This Article