Видео од играчите на Аргентина кои фрлаат хрватски дрес во корпа за отпадоци славејќи ја неодамнешната победа против Хрватска со 3 -0 го прошета интернетот. Дресот го фрла непознат човек во собата, а потоа Ромеро, соиграчот на Перишиќ од Тотенхем набрзина го извлекува дресот надвор, веројатно свесен дека тоа не е во ред.
Видеото го снимил фудбалерот Пауло Дибала и го постирал на својот ТикТок профил.