Напаѓачот на Јувентус, Паоло Дибала, сѐ повеќе има впечаток дека торинскиот прволигаш не сака да ја продолжи соработката и Аргентинецот би можел да почне да разгледува понуди за трансфер во друга европска екипа, јавија денеска италијанските медиуми.
Договорот на Дибала со Јувентус истекува на крајот од сезоната, а преговорите за продолжување на соработка беа неуспешни, објави „Газета дело спорт“.
Според весникот, состанокот меѓу менаџерот на аргентинскиот фудбалер и претставници на Јувентус, што требаше да се одржи денеска во Торино, е откажан.
Аргентинецот може да потпише преддоговор со друга екипа, а според медиумите, за услугите на Дибала најмногу заинтересиран е Интер.