Арбен Таравари заговара дводомен парламент

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Доколку не поминат уставните измени и не станеме членка на ЕУ, треба да се размислува за нов Устав, изјави вчера лидерот на политичката партија Алијанса за Албанците Арбен Таравари во интервју за Фокус.

– Не е добро за Македонија да не поминат уставните промени, затоа што ако се одвои Албанија, ќе останеме со Косово, каде што реално постојат проблеми, и БиХ, која е недефинирана држава. Ќе останеме држава кадешто надежта умира. Кога имате екстремна левица, реципрочно ќе се роди радикална десница, или кај некоја од партиите што постоиме, или во нова партија – вели Таравари.

Според него, во таква ситуација треба да почне да се размислува за нов устав.

– Ако не се случат уставните измени, ви гарантирам дека ќе дојде до една колективна депресија во општество. Со тоа ќе ја изгубиме и таа капка надеж да се започне со реформите и можноста со членството во ЕУ, да се подобрат состојбите во правосудството, борбата против корупцијата и криминалот. Тогаш треба да размислуваме за нов Устав, како што рече претседателот Пендаровски – вели Таравари.

Според лидерот на Алијаса треба да се размислува за дводомен Парламент.

– Сметам дека еден дом треба да е составен од претставници на локалната власт, како на пример од градоначалниците на триесетина поразвиени општини, а во другиот би биле претставници на избрани од народот, пратеници. Еден предлог може да биде 20 развиени општини. Можеби парламент со 50 пратеници. Можеби еден парламент со 20 градоначалници, а еден парламент со пратеници, како конгресот и сенатот во САД. Треба да размислиме за неколку опции со кои државата подобро би функционирала – вели Лидерот на Алијанса за Албанците.

Share This Article