Апсурдна полициска бруталност во Лос Анѓелес

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Полицијата во Лос Анџелес објави видео од камерата на полицаец, на кое се гледа како тој пука во Ниани Финлејсон (27), која повикала полиција на помош поради семејно насилство.

На видеото, кое е снимено на 4 декември, се гледа како полицаецот Тај Шелтон пука во Ниани четири пати по влегувањето во нејзиниот дом.

Убиството на младата жена предизвика незадоволство кај граѓаните и бран протести, а граѓаните прашуваат зошто полицијата не презела ништо за да го спречи конфликтот, туку употребила смртоносна сила врз жената која побарала помош и била жртва на насилство.

На снимката се гледа како Шелтон пука во Финлејсон додека нејзината ќерка стои во близина. Ќерката истрчала во кујната откако тој испукал четири истрели, а нејзината мајка паднала на земја.

На снимката се гледа дека и поранешниот партнер на Финлејсон, поради кого таа повикала полиција, во шок вика: „Не, не, што направи човеку, зошто пукаше?“

Полицијата не објави снимка од тоа што се случувало подоцна. Видеото покажува дека Шелтон влегол со „тизер“ во едната рака и огнено оружје во другата, но се чини дека ниту тој ниту двајцата други полицајци во собата, не се обиделе да употребат „помалку смртоносно“ оружје или друга тактика за да ја деескалираат ситуацијата, пред Шелтон смртно да ја застрела Финлејсон.

Полицијата објави и аудио снимка од телефонскиот повик што Ниани го упатила до полицијата:

Не сака да ја напушти мојата куќа, не ме остава на мира. Ми треба полиција, сега!“ – се слуша како Ниани бара помош од полицијата.

Адвокатот на семејството на Нијана вели дека таа претрпела насилство од нејзиното поранешно момче, и не смеело да биде цел на интервенцијата од полицијата.

- Advertisement -
Ad image

Полицијата соопшти дека Ниана била пренесена во болница каде била констатирана смрт.

Нејзиното поранешно момче е приведено поради семејно насилство и попречување на полицаец.

Инаку, медиумите пишуваат дека ова не е прво убиство на полицаецот Шелтон. Во јуни 2020 година, тој го уби Мајкл Томас (61) при слична интервенција поради семејно насилство. Убиството не е забележано на камерата, но девојката на Томас подоцна изјавила дека двајцата се расправале и дека Томас се обидел да ја спречи полицијата да влезе во нивниот дом. Томас немал оружје во рацете, но Шелтон сепак го застрелал во градите, а за тоа никогаш не бил гонет.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article