ЈП Водовод и канализација – Скопје е секогаш во служба на своите корисници и граѓаните на градот Скопје. Следејќи ги трендовите на дигитализација, ЈП Водовод и канализација – Скопје, овозможува пристап до сите информации за претпријатието преку својата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk, пристап до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk и преку мобилната апликација достапна за Android и iOS.
На едноставен, лесен и безбеден начин, со следење на упатствата, приложени на e.vodovod-skopje.com.mk корисниците на ЈП Водовод и канализација – Скопје имаат можност да поднесат барање за добивање на електронска фактура.
– Доколку не сте регистриран електронски корисник, а сакате да ја добивате вашата фактура електронски, следете ги упатствата на e.vodovod-skopje.com.mk и пополнете го формуларот за е-фактура и скениран доставете го на e-faktura@vodovod-skopje.com.mk или во приемните канцеларии на Сектор Наплата при ЈП Водовод и канализација – Скопје. Оваа можност, досега, ја имаат искористено 50.000 физички лица, кои истовремено придонесуваат и кон заштита на животна средина, што е една од целите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, како општествено одговорно претпријатие – велат од ЈП Водовод.
Достапноста на услугите на претпријатието е овозможена и преку мрежата на т.н. киосци за плаќање на сметки, распоредени на четири локации во градот– во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во корисничкиот центар на ЈП Комунална хигиена, во ГТЦ-приземје и во Капитол мол.
ЈП Водовод и канализација – Скопје работи во интерес на сите корисници и во таа насока информираме дека сервисирањето на долговите може да се изврши и со склучување на договори за отплата на заостантиот долг на рати на шалтерите во Дирекцијата на претпријатието.