More

    АПЛИКАЦИЈАТА МОЈДДВ Е ПРИЛАГОДЕНА НА ПОВИСОКИОТ ЛИМИТ ПО КОРИСНИК

    spot_img

    Управата за јавни приходи ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека е извршено нејзино прилагодување согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица објавен во „Службен весник на РСМ“, бр.65/2023 на 23.03.2023 година.

    Ова значи дека сите корисници на МојДДВ, ќе треба да ја превземат новата верзија на апликацијата од PlaystoreAppstore и Huawei appgallery. Измените веќе се видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6. Исплатите со зголемен максимален износ од 2100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава ќе се реализираат во мај.

    Во моментов апликацијата МојДДВ, ја користат 523 673 граѓани a бројот на нови корисници секојдневно расте. Од почетокот на мерката до денеска, кај граѓаните се вратени близу 6 милијарди денари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img